Search

Заев во посета на Тиквешијата: Низ конкретни мерки се грижиме за лозарите

Претседателот на СДСМ заедно со генералниот секретар Љупчо Николовски денеска е во посета на Тиквешкиот Регион. Во рамки на агендата, Заев и Николовски беа во посета на винарницата „Тиквеш“ каде се сретнаа со лозари и производителите на вино од овој регион.

„Денеска, на празникот Свети Трифун сме во посета на Тиквешкиот Регион препознатлив по лозарството и производството на вино, кои се далеку прочуени како висококвалитетни производи. Во разговорите со лозарите и производителите на вино заеднички се согласивме дека има простор за уште поголема поддршка и помош кон оваа земјоделска гранка која е и тоа како значајна за нашето стопанство. Во изминатите две и пол години како централна и локална власт покажавме што значи вистинска грижа за земјоделците, вклучително и лозарите“, рече Заев.

Тој нагласи дека во Тиквешијата државата презела обврска и го реши долгогодишниот проблем со предаденото а неплатено грозје во приватните винарници. Денес долгот кон овие лозари е исплатен. Се исплатија над 1,2 милиони евра кон над 2.000 лозари од овој регион, рече Заев.

„Со измените на Законот за вино се олеснуваат условите за производство на вино на малите винарници и на физичките лица производители на вино, што е тековен тренд во светски рамки и влијае позитивно на развојот на винскиот и руралниот туризам. Сите измени се во насока на остварување поголеми приходи за визбите и за лозарите, но и поголем извоз на вино и девизен прилив. Преку низа  реални мерки и политики сериозно вложувавме во земјоделството и тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина“, нагласи првиот човек на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави