Search

Заев во Карпош: Развојот кој му го врати Богоев на Карпош, Весковски ќе го продолжи

Со развиени паркови и инфраструктура, паркови, зеленило, училишта и други забавни површини, со проевропски идеи очекувам општината Карпош да се развива и понатаму, а голема благодарност и до досегашниот градоначалник Стефан Богоев, кој го врати духот на Карпош, а тука нема застанувања со Душко Весковски напредокот продолжува, рече претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Карпош, салата Борис Трјаковски.

-Општината Карпош имаше една милијарда долгови, ги расчистивме долговите, денеска нема непродуктивни трошења и затоа има толку над 7000 проекти за улилишта, библиотеки игралишта, градинки, улици и патишта, водоводи и прочистителни станици, дополни Заев.
Според него во општините не само што биле оставени долгови, туку ВМРО-ДПМНЕ се креатор на лажни вести, блокатори на закони и сакаат граѓаните да ги вратат наза.

– Но ќе успееме и ќе го исполниме дадениот збор, никогаш повеќе фашизам и никогаш повеќе маскиран фашизам во режим. Во скоро време ќе започната процесот со чекорите до поглавјето, економски развој, најдоброт за општините е најдоброто за грашаните, Карпош ќе продолжи по патот напред, најдоброто е можно , заклучи Заев.

Тој во општината вети изградба на две нови градинки, голем зелен парк кој ќе никне следната година, ново катче не само за карпошани туку и граѓаните на Скопје, ботаничка градина и рекреативни зони, младински центар, урбанизација кон Злокуќани и Бардовци, Зелен пазар во Бардовци итн.

Треба да знаете
Последни објави