Search

Заев: Вкупната штета во МНТ е 3.965 евра

Поголема штета од материјалната е духовната штета, бидејќи националниот театар е отворен за сите, но се знае под какви услови. Од духовната штета треба да произнесе одговорноста, рече премиерот Заев на денешните пратенички прашања за направената штета во МНТ од страна на „Шверцерите“.

– Столици, наслони, откорнат тапацир 5 парчиња, ногарки 155 парчиња, вкупна штета 3.000. Плус парапет на прва галерија и украсни лајсни 10 метра, 240 евра. Орнаментни бордури, 200 евра, пет искршени подни светилки, теписони, дупки од отпушоци, 400 евра. Вкупната штета е 3.965 евра. Не смеат ниту материјалните ниту духоднивте добра да бидат допрени, оштетени или омаловажени. Во таа сала сакаме да видиме култура, уметност. Ќе се утврдат поединечните одговорности – рече Заев.

Треба да знаете
Последни објави