Search

Заев вечерва ќе ги посети повредените од страшната сообраќајка кај Карпалак

Премиерот Зоран Заев вечерва ќе ги посети повредените од страшната сообраќајна несреќа што се случи попладнево кај скопското село Ласкарци, а во која животот го загубија 13 лица, а повеќемина се повредени.

Како што веќе информиравме, седуммина патница почнале на лице место, а шест  подлегнале на повредите во болница.  Повредените што починале во болничките установи биле реанимирани, но неуспешно. Една пациентка е почината во старата градска болница, а петмина во ГОБ „8 Септември“.

-Во ГОБ 8 Септември се примени 25 пациенти од кои 22 се хоспитализирани , 4 се на интензивна нега , двајца се подготвуваат за хируршка интервенција. Во Ургентниот центар се примени пет пациенти , тројца со полесно повредени, меѓу кои и една бремена жена која ќе биде пуштена на домашно лекување, едно лице се подготвува за хирирушка интервенција, а едно е во тешка животно загрозувачка состојба, истакна Филипче од Градската општа болница 8 Септември, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Во старата градска болница во Скопје, како што рече тој, е хоспитализирано едно лице.

-Искрено жалам, изреагиравме веднаш кога ја добивме информацијата. Сите екипи на Итна помош беа на лице место, се даде соодветна помош и се продолжува текот на лекување кај пациентите кои се сместени во болничките установи. Се надевам дека нема да има дополнителни компликации  и дека тие што се во тешка животно загрозувачка состојба ќе ја надминат, рече министерот.

Според него, се вршат проверки. -Го знаеме идентитетот  на пациентите што се примени свесни, а во моментов полицијата работи на утврдување на останатите. Нема деца меѓу повредените, но има лица на 25-30 години, информираше Филипче.

Најголем дел од жртвите и повредените во трагичната сообраќајна несреќа се граѓани на Гостивар. Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар вечерва посети најголем дел од повредените лица во скопските болници.

„Жалосен ден за цела Македонија. Има голем број повредени, 13 се загинати, а петмина се во сериозна животнозагрозувачка состоба. Најголем дел од повредените и загинатите се од Гостивар. Се преземаат сите неопходни мерки. Посетив голем дел од пациентите. Шоферот е во добра, стабилна состојба и се надевам дека ќе добиеме релевантни информации од него и од надлежните институции за превртувањето на автобусот полн со патници“, рече Таравари

Треба да знаете
Последни објави