Search

Заев: Ветувам дека ќе има просечна плата над 500 евра во 2020 година

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на денешниот централен митинг во Скопје зборуваше за економските резулатите на неговата Влада и вети дека во 2020 година просечната плата ќе надмине 500 евра.

– Не беше лесно, но се обединивме против режимот. Воведовме реформи и воспоставивме правна држава. Ние сме веќе дел од НАТО. ОДдиме кон ЕУ, очекуваме Унијата да ги вреднува реформските резултати и летоска да добиеме датум за почеток на преговорите. Имаме рекорден износ на странски инвестиции од 624 милиони евра. Невработеноста падна на 19,4 отсто. Просечната плата за една година за зголемивме за осум проценти. Ви ветувам 2020 година ќе има просечна плата над 500 евра-рече Заев.

Извор:ДоказМ.мк

Треба да знаете
Последни објави