Search

Заев: Богојавление – Водици повикува на духовна зрелост, и смирено и со љубов да си посакаме добра волја за подобро утре

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, по повод верскиот празник Богојавление – Водици, упати писмо со честитки до Г.Г. Стефан, Архиепископ на Македонската православна црка – Охридска архиепископија и на Јустинијана Прима, и до сите православни верници во Република Македонија во кое упатува желби големиот христијански празник на сите да им донесе изобилство од радост, здравје и успеси.

„Празникот Богојавление – Водици повикува да се очистиме од гревовите на алчноста, од гревовите на гневот и омразата.

Со крштевањето во осветените води, празникот не повикува да ја прифатиме духовната зрелост, да си простиме, и смирено и со љубов да си посакаме добра волја како влог за подобро утре.

Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици“, се вели во писмото со честитки на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев по повод празникот.

 

Треба да знаете
Последни објави