Search

Заев: БЕСА првата албанска партија која го надмина концептот за постизборни калкулации со гласовите

Движењето БЕСА е првата албанска партија, која го надмина амортизираниот концепт – етничките гласови да се употребуваат како бројка за постизборни калкулации за учество во владини коалиции, порача денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по официјализирањето на предизборната коалиција меѓу СДСМ и БЕСА за престојните предвремени парламентарни избори, закажани за 12 април. Како моше важен историски ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, пак од своја страна, го оцени Биљаљ Касами потпишувањето на предизборната коалиција.

СДСМ и Движењето БЕСА денеска во Музејот на современа уметност го официјализираа предизборниот договор за заедничко учество на изборите.  Лидерите на СДСМ и на Беса Зоран Заев и Биљаљ Касами ги усогласиле ставовите околу програмата, но носителите на изборните листи. Тие денеска потпишаа Деларација за заеднички настап на изборите на 12 април. Прв пат во историјата на независна Македонија се постигна предизборна коалиција меѓу партии на Македонците и на Албанците.

-Нашето општество се менува на подобро, граѓанскиот концепт едно општество за сите ги победува стереотипите, времето на поделба заминува во историјата. Денес моноетничкиот концепт кога партиите се обраќаат само на своите или само на етничкиот кампус е поразен, рече Заев.

Лидерот на СДСМ истакна дека во семејството на полноправни членки на ЕУ и НАТО се влегува со дела и визија и додаде дека на изборите во 2016 година СДСМ била првата македонска партија, која со своите принципи привлече десетици илјади албански гласови.

-Но ова е еден посебен чин, нов историски момент за демократијата и за плурализмот. СДСМ денеска ја објавува предизборната коалиција со Движењето на БЕСА. Со овој наш чекор го чекор мултиетничкиот карактер на Република Северна Македонија го претпочивме во конкретна програма, рече Заев.

Додаде дека работат на градење општество кое се крепи на еднаквост, правичност, општество за младите, старите, за Македонците, Албанците, Ромите, Турците, Србите, Власите, Бошњаците, жените, мажите…

Најави дека се сигурни победници на 12 април. – И тоа секому му е јасно, оваа коалиција на 12 април ќе освои сериозни и сигурно мнозинство за формирање влада. Тоа е јасно и на нас и на нашите политички опоненти, рече Заев.

Како моше важен историски ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, го оцени Касами потпишувањето на предизборната коалиција.

-Денеска е важен и историски ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. За прв пат во нашата историја, Албанците градат вистинско партнерство со владејачката партија, и тоа како целосен и рамноправен партнер да одлучуваат заедно за иднината на нашата земја, рече лидерот на БЕСА.

Нагласи дека со денешниот договор меѓу Движењето БЕСА и СДСМ, очекуваат албанските гласачи да ја искористат оваа историска можност да бидат активен член на владејачката коалиција.

-Оваа коалиција е продолжение на возот на НАТО, кој ќе не зачлени и во ЕУ, додаде Касами.

Во заедничката изјава за Декларацијата за заеднички настап на СДСМ и на Движењето БЕСА, се потенцира дека таа се потпишува во духот на градење доверба и заедничка европска иднина и почитување на граѓанските вредности, идентични на европските вредности.

СДСМ и Беса се залагаат за негување и почитување на правата на сите етничките заедници, развој, создавање подобри услови за сите граѓани за да ја градат својата иднина овде, за борба проти корупцијата и праведно судство, а интеграцијата во ЕУ останува единствена опција.

Треба да знаете
Последни објави