Search

Заев: Без правната држава не верувам во максимални успеси во економијата

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев во предизборен дуел дебатираат на Телевизија 24, а нивен домаќин е новинарот Младен Чадиковски.

-Владата во минатиот период заедно со Венецијанската комисија, Европската комисија и европската делегација го донесе пакетот на реформи во правосудството, вклучително и Законот за јавно обвинителство, којшто еве од денеска влагува во сила. Ефикасноста во постапките, праведноста и еднаквоста на делењето на правдата е нешто кон кое што треба да бидеме фокусирани и според нас голем проблем се самиоте судии и обвинители и секако една адвокатска мрежа која што работи искоординирано, затоа мора да следува прочистување на судството, кадешто сите судии коишто застаруваат предмети, атвоматски ќе бидат разрешени- рече Заев.

Ќе биде направена комплетна проверка, рече Заев, на имотната состојба на судиите, обвинителите и нивните семејства, за да се утврди чесноста на самите делители на правдата.

-Со прочистиување на оние нечесните судии коишто работат во судството ќе се добие повеќе простор за чесните судии, тоа е многу важно, заради тоа што без правната држава не верувам во максимални успеси во економијата, па дури и во сите други области на секојдневното живеење. Затоа владеењето на правото и правната држава верувам дека ќе биде во фокусот на следите четири години- рече Заев.

Верувам дека ќе успееме, рече Заев, да создадеме европска држава, тука се поглавјата коишто се отвораат паралелно.

Треба да знаете
Последни објави