Search

Заев: Арбен Зибери денеска е дојден во Собранието

Премиерот Зоран Заев денеска на отворањето на новата индустриска зона во Куманово потврди дека пратеникот Арбен Зибери денеска присуствува во Собранието за да се изгласаат претседателите, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на 20-те комисии кои ќе работат во Собранието.

Пратеникот на ДУИ беше заболен од коронавирус и се лекуваше на Инфективната клиника, но ќе присуствува доколку има негативен тест, а неговото присуство е потребно како гранција дека тесното мнозинство од 61 пратеник ќе биде остварено.

– Од информациите кои ги добив, тој од изутрина е вратен на работа, рече денеска Заев меѓудругото на брифингот со медиумите.

Зибери на 30 август гласаше од посебна просторија во Собранието за неговата конституција. Дека има пратеник кој не е физички присутен во слата каде се одржуваше седницата, пред гласањето објави претседателот Талат Џафери. Сепак тој не кажа за кого станува збор. Подоцна стана јасно дека тоа е Зибери, поранешниот директор на скопскиот Центар за јавно здравје, кого министерот Венко Филипче го смени од функцијата.

Додека Џафери смируваше дека нема опасност за другите пратеници, после и новоизбраниот премиер Зоран Заев рече дека пратеникот не го прекршил протоколот со тоа што излегол од изолација. Според Заев тој воопшто не бил позитивен туку чека резултати, а бил изолиран бидејќи не се чувствувал добро.

Од Кабинетот на спикерот Талат Џафери потоа излегоа со мало, како што го нарекуваат, објаснување во врска со пратеникот Зибери, дека гласал во кабина, а кога пристигнал, директно од кола се качил во лифт без да има контакт со никого.

Поранешниот  директор на Центарот за јавно здравје-Скопје на 8 септември во тешка состојба беше пренесен на Клиниката за инфективни болести, пренесуваат дел од медиумите.

Треба да знаете
Последни објави