Search

Заев: Ако нема договор за избори има устав и закони, терминот е 21 јуни

Да се помогне на секому му е потребно, тоа беше главниот принцип по кој се водевме за третиот пакет на економските мерки.Горд сум дека нашата држава стоечки одговори на оваа криза. Да ја претвориме оваа криза во нова можност. За трите сет на мерки ќе се вложат 550 милиони евра, ова денеска го истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Со платежните картички ќе се стимулира потрошувачката на граѓаните. Ќе има и ваучери за одмор во вредност од 6000 денари.

На прашањето дали картичките ќе можат да се плати на пазарите.Заев објасни дека дека голем дел од пазарџиите се фискализирани и  државата е подготвена да помогне.

-Сето тоа е домашно производство кое треба да се користат.. Оваа картичка ќе се користи само за дома. Значи можете да купите облека, бела техника се што е домашно производство, изјави на пре-конферецијата преседателот на СДСМ Зоран Заев.

Во врска со датумот на изборите Заев вели дека предлогот на опозицијата за избори на крајот на летото е неодговорен.

„Ние секако дека сакаме да имаме договор со опозицијата, а ако нема договор, тогаш остануваат уставот и законите во државата“, рече Заев кој уште еднаш истакна дека термин е 21. јуни, односно 22 дена после вонредната состојба.

Треба да знаете
Последни објави