Search

Заеви досега донирале над 300.000 евра помош во борбата против коронавирусот

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче вчера беа во работна посета на ЈЗУ Општа болница – Струмица, каде заедно со директорот на болницата д-р Наќе Гогов, извршија увид на новото крило на болницата кое е опремено и наскоро ќе може да почне со работа.
Во рамки на посетата, Заев реализираше донација од своето семејство – амбулантно возило.

-Ова е време кога секој треба да  помага како и колку може. Семејството Заеви и јас како струмичанец веќе дониравме опрема за потребите на оваа болница, а денес донираме и амбулантно возило. Се надевам дека ќе им треба на што помалку луѓе, но тогаш кога ќе треба да носи здравје и среќа. Новото крило на болницата сега ќе биде ставено во функција на борбата со КОВИД-19, рече премиерот.

Сепак, не е само амбулантото возило што вчера беше донирано за Болницата во Струмица. Од почетокот на кризата со коронавирусот, па досега семејството на Зоран Заев донирало над 18 милиони денари или над 300.000 евра средства кои завршија како помош кај загрозени семејства или здравствени установи.

Семејството Заев преку општинските кризни штабови донираше 7.000 прехранбени пакети за социјално загрозени семејства во неколку општини меѓу кои Струмица, Куманово, Дебар и Прилеп.

Потоа, преку компаниите во сопственост на семејството Заеви беше донирана медицинска опрема во вредност од 100.000 евра. 5.000 болнички чаршафи 3.000 скафандери, 2.000 визири и 25.000 заштитни маски беа донирано до Министерството за здравство кое ги прераспредели до здравствените установи.

Со последната донација, вкупната вредност на донираните средства изнесува над 18,4 милиони денари, или вкупна помош од над 300.000 евра, што претставува врвен чин на општествена одговорност на едно семејство и нивните компании.

Треба да знаете
Последни објави