Search

Задолжувањата се за да се помогне економијата и да се надмине кризата со коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ со стари кадри и деструктивни пракси останува во опозиција

ВМРО-ДПМНЕ е партијата симбол на расипништво и криминално трошење на парите на граѓаните, партија која заради криминални интереси тројно го зголеми јавниот долг финансирајќи непродуктивни трошоци за богатење на поединци.
Денес, ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ нејверојатно е единствениот политички субјект што не знае дека во светот со месеци се случуваат здравствена и економска криза поради коронавирусот.
Како и сите други држави погодени од кризата така и Северна Македонија мораше да обезбеди капитал однадвор за полесно справување со последиците од кризата, за да се обезбеди ликвидност во време на светска пандемија и за да се направи фискален простор за дејствување и преземање на антикризни мерки.
Лицемерието и несериозноста на ВМРО-ДПМНЕ се дотолку поголеми ако се знае, дека и еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монтерен фонд се земени со потпис од дополнителната заменичка министерка за финансии, Гордана Димитриоска Кочоска кадар токму на ВМРО-ДПМНЕ, а намената на овие средства е строго утврдена.
Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија нема ниту желба ниту волја да се реформира. Последен доказ за тоа е денешниот настап на Анастасија Илиеска, една од многу партиски функционерки на ВМРО-ДПМНЕ која е симбол на непотизам. Со таквиот потценувачки однос кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ уште долго останува во опозиција.

 

Треба да знаете
Последни објави