Search

Задолжително носење маски во Мадрид

Властите во Мадрид донесоа одлука за задолжително носење маски секаде, како дел од мерките за да се спречи ширењето на коронавирусот во градот.

Баровите во шпанскиот главен град мора да бидат затворени во еден часот по полноќ, а собирањата во рестораните на отворено ќе бидат ограничени на 10 лица.

Проверките ќе бидат зголемени и на главниот аеродром во шпанскиот главен град.

Властите исто така препорачаа и максимално собирање до 10 лица на приватни собири дома, но таа препорака не е обврзувачка.

Треба да знаете
Последни објави