Search

Задолжително носење заштитна маска во Амстердам и во Ротердам

Холандските градови Амстердам и Ротердам воведоа задолжително носење заштитна маска на најпосетените места, со цел да се ограничи ширењето на новиот коронавирус.

Владиниот тим надлежен за управување со пандемијата оцени дека не е неопходно да се воведе задолжително носење маска за целата држава, оставајќи ги регионалните власти да преземат таква мерка доколку сметаат дека е потребно.

Со скандинавските земји, Холандија е една од последните европски земји кои се уште се спротивставуваат на општо носење маска.

Со новата одредба, носењето маска ќе биде задолжително од 5 август на најпосетените места.

Во Ротердам, задолжително е да се носат маски во трговски квартови или трговски центри од 5 август. Регулативата се однесува на лица над 13 години и во двата града, а прекршителите ќе мора да платат казна.

Треба да знаете
Последни објави