Search

Задолжителен 14-дневен карантин за сите кои влегуваат во Велика Британија

Во Велика Британија ќе биде задолжителен 14-дневен карантин од 8 јуни за сите оние кои доаѓаат од странство. Тоа го изјави денеска британскиот министер за внатрешни работи Прити Пател, појаснувајќи дека целта е спречување на ширењето на новиот корронавирус.

Секој што доаѓа од странство, вклучително и британски државјани, ќе мора да биде во изолација 14 дена и ќе мора да наведат каде ќе бидат за тоа временски период.

– Сега, откако го поминавме пикот на инфекцијата, мора да преземеме чекори за да се заштитиме од увезени случаи што би предизвикало повторно појавување на оваа смртоносна болест, рече Пател на прес-конференција.

За непочитување на таа наредба, следува казна од 1.000 фунти/. Карантин нема да биде обврзен за оние од Република Ирска, возачи на камиони, медицински работници и сезонски работници во земјоделието. Мерката ќе се преиспитува на секои три недели.

Треба да знаете
Последни објави