Search

Задолжителен тест за Ковид-19 за здравствените работници во Грција што ќе се вратат од одмор

По користењето на годишниот одмор, сите здравствени работници во Грција, пред да се вратат на работа, задолжително ќе треба да направат молекуларен тест за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, одлуката е на министерот за здравство Василис Кикиљас и испратена до сите здравствени установи во земјата, болници, здравствени центри и слично, а се однесува на лекарите, болничарите и останатиот персонал.

Треба да знаете
Последни објави