Search

Загубата на Убер зголемена на милијарда долари

Американската компанија „Убер технолоџис” во изминатото тромесечие забележа зголемување на загубите на повеќе од милијарда долари, додека приходите се зголемиле за едноцифрени стапки пред планираната иницијална понуда следната година.

Таа компанија за посредување во услугите на превоз, во третото тромесечје работела со загуба од 1,07 милијарди долари, додека  во претходниот кавартал загубата изнесувала 891 милиони, пренесува Н1.

Нето приходите на компанијата во изминатото тромесечје се зголемиле за пет отсто во однос на претходниот квартал, на 2,95 милијарди долари, додека бруто приходите и нарачка се зголемиле за шест отсто, на 12,  7 милијарди долари, соопшти Убер.

До неодамна приходите на таа компанија растеа со двоцифрени стапки на квартално ниво, но во последните тромесечја нивниот раст е забавен на едноцифрени. Сепак на годишно ниво и натаму се бележи голем раст. Така нето приходите во изминатото тромесечје биле за 38 отсто поголеми отколку во истиот период минатата година, додека бруто приходите истовремено се зголемиле за 41 отсто.

Како приватна компанија Убер не е должна јавно да објавува финансиски извештаи, но фирмата почна да информира за деловните резултати бидејќи во следната година планира да спроведе јавна понуда и да ги изнесе акциите на берзата.

Треба да знаете
Последни објави