Search

Загрижувачка сцена: Огромен леден брег се одвои од глечерот на Антарктикот

Санта мраз со површина поголема од 300 квадратни километри неодамна се одвоила од глечерот на островот Пајн на Антарктикот.

Набргу потоа се распаднала на делови. Тој процес може да се види на анимација која настанала благодарение на фотографиите што ги снимил сателитот на Европската вселенска агенција, јавува Си-ен-ен.

Од фотографиите може да се види дека пред отцепувањето на сантата, пукнатините во глечерот биле видливи и можело да се очекува дека ќе се случи такво нешто.

Во почетокот на 2019 година биле забележани две пукнатини на глечерот, а анимацијата ја прикажува големината на пукнатините во споредба со Париз и Менхетен.

Треба да знаете
Последни објави