Search

Загреб утрово доживеа нов потрес

Хрватската престолнина Загреб утрово во 4 часот и 15 минути доживеа уште еден послаб земјотрес со магнитуда 2,4 степени по Рихтер. Епицентарот на потресот бил недалеку од Маркушевац, соопштила хрватската сеизмолошка служба.

Претходно земјотрес со јачина од 1,4 степени го погоди Загреб синоќа околу 19.40 часот.

По двата силни земјотреси од 5,5 и 4,8 степени по Рихтер, кои во раните утрински часови на 22 март го погодија Загреб, граѓаните беа вознемирувани уште околу 1.000 пати со слаби потреси.

Треба да знаете
Последни објави