Search

Загина Џиџи Ву: Најпознатата тајванска ,,бикини” туристка падна во клисура

Џиџи Ву, најпознатата тајванска интернет ѕвезда позната по пешачење по планините, е пронајдена мртва откако паднала во клисура длабока 30 метри, објавија државните медиуми на островот.

36-годишната Ву, паднала од тајванската планина Јупен во саботата, а нејзиното тело е пронајдено во понеделникот.Според изјави на надлежните за медиумите, таа по падот се јавила кај пријател да побара помош, но не можела да се движи поради повреди на долниот дел на телото.

Бидејќи се стемнило, шестмина спасувачи започнале да ја бараат наредното утро. На терен бил ангажирна и хеликоптер, но поради конфигурацијата на теренот тој не бил во можност да се спушти до местото каде е лоцирано телото на Ву.

,,Нејзиното тело се уште е таму и ние ќе испратиме хеликоптер утре повторно на местото на несреќата”, вели пожарникарот Чанг. Причината за смртта се уште не е утврдена, иако се претпоставува дека станува збор за хипотермија.

Ву стана позната преку објавување на нејзини фотографии во бикини додека пешачи по планините.Таа во изминатите 400 години се искачила на 100 врва, фотографирајќи се во 97 различни бикини. На Фејсбук имаше над 14.000 следбеници.

Треба да знаете
Последни објави