Search

Загина тракторист во Беровско

Тракторист загина откако паднал во бездна, вчера во Беровско, информираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила околу 12 часот во село Двориште. Тогаш З.Ц.(39) од истото село, управувајќи трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал во бездна, превртувајќи се неколку пати.

Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде околу 13.30 часот починал. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Берово. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави