Search

Загина српскиот рапер Гру

Српскиот рапер Далибор Андонов, познат под уметничкото име Гру, загина денеска во близина на Наутичкиот клуб „Земун”, откако од својата даска за кајт паднал во вода.

Како што пренесуваат српските медиуми, тој загинал околу 15,30 часот, а од водата го извлекле неговите пријатели.

Веднаш била повиката медицинска помош, но лекарот констатирал смрт.

Според очевидци, змејот на неговата даска се кренал два три патипоради силниот ветер, па Гру добил удар во главата со метална шипка. Тој најверојатно се онесвестил од ударот и по падот се удавил.

Андонов бил автор н најуспешниот рап-албум во српската историја.

Треба да знаете
Последни објави