Search

Загина полицаец при деактивирање на експлозивна направа во црква

Полициски службеник од Египет загина при обид да деактивира експлозивна направа во христијанска црква во предградие на Каиро, јави државната телевизија.

Инцидентот се случува во пресрет на Божиќ, што египетските Копти го празнуваат на 7 јануари според стариот Јулијански календар, пренесе „Ројтерс“.

Христијанските Копти сочинуваат десет отсто од 90 милиони жители во Египет и долго се жалат на дискриминација.

Треба да знаете
Последни објави