Search

Загина моторџија во судир со камион кај Кичево

Моторџија загина во судир со камион, денеска на магистралниот пат Киево- Охрид, во близина на село Другово, потврдија од Основното јавно обвинителство.

-Товарното моторно возило „мерцедес“ со регистарски ознаки од Струмица удрило во моторциклот „Сузуки“ без регистарски ознаки, управуван од лице на возраст од 28 години. Од ударот, мотоциклистот  се здобил со тешки телесни повреди и починал на пат кон медицинска установа во Скопје. Од страна на дежурниот јавен обвинител во содејство со увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Кичево извршен е увид на местото на настанот. Притоа се фиксирани пронајдените траги и предмети. Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за проверка на крв  кај возачот на товарното моторно возило  и за  обдукција на починатото лице. Извршена е и фотодокументација на местото на настанот, велат од ОЈО.

Основното јавно обвинителство Кичево во континуитет презема и други дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот.

Треба да знаете
Последни објави