Search

Загина млад ловџија од Битолско

Јове Каранфиловски (35) од битолското село Канино починал од повреди добиени на лов.Тој зад себе оставил вереница, семејството се подготвувало за свадба, но ненадејно минатиот месец починал неговиот татко, пишува „Независен“.

Вчера Каранфиловски отишол на лов заедно со уште неколку свои пријатели, но во еден момент тој бил погоден од огнено оружје. Со тешки повреди Јове Каранфиловски бил итно однесен на клиника во Скопје, каде кусо потоа починал.

„Полициски службеници извршиле разговор со Д.С. (36) од с. Бистрица и Р.Ј. (55) од Битола и според нивните сведочења Ј.К. се здобил со повредите во 09.30 часот, при лов во атарот на с. Канино, откако Д.С. испукал патрон, по што забележал дека Ј.К. бил повреден, наведуваат од полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираше СВР Битола.

Роднини на Кузмановски велат дека тој бил искусен ловџија, кој години назад заловувал диви свињи и многу добро го познавал теренот околу своето село.

Треба да знаете
Последни објави