Search

Загина жител на Стојаково, се истумбал со автомобил на патот за Богородица

На 09.07.2020 во 01.30 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Стојаково – с.Богородица, А.П.(54) од Стојаково, управувајќи патничко моторно возило „сеат леон“, со гевгелиски регистарски ознаки, во кое како сопатник се превезувала и неговата сопруга, излетало од патот.

Откако пристигнала екипа на Итна медицинска помош тој починал.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено за обдукција.

Треба да знаете
Последни објави