Search

Загина возач на бмв, повредени двајца полицајци кај обиколница

Едно лице загина, а тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на скопската обиколница во која учествувале патничко и полициско возило и камион.

Според првичните информации од МВР, во несреќата загинал совозачот во „бмв”-то, а повредени се возачот и двајца полициски службеници.

-Несреќата се случила во моментот кога полицаец, кој вршел редовна контрола на брзината на движење на возилата, го запрел автомобилот „бмв”. Додека запирал во него удрил камнион „ман”, а од ударот автомобилот удрил во полициско возило „шкода јети”, наведуваат од МВР

Треба да знаете
Последни објави