Search

Загинатите бранители Ерол Готак, Сашо Соколов и Коце Крстев добија спомен обележје во Радовиш

„Ова што го имаме им го должиме на нашите херои кои со своето највеличествено дело и залог, сопствениот живот,  оставија вечна трага и свое место во историјата, но и во иднината на генерациите што доаѓаат. И затоа денеска, кога овде во Радовиш ги споменуваме имињата на Ерол Готак, Сашо Соколов и  Коце Крстев, свесни сме за долгот што ни е оставен, за благородната, човечка и доблесна обврска да водиме грижа и да не заборавиме – никогаш, за нив и за нивната жртва“.

Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски, каде пред полициската станица во Радовиш беше откриен споменик за загинатите полициски службеници од овој град.

„Во темелите на државите се вградени и живототите на хероите, кои со своите дела се пример за сите нас. Република Македонија е создадена и постои благодарение на безрезервната жртва дадена од многу нејзини херои, наши браќа, синови, татковци“, рече министерот Спасовски и додаде дека должност пред нив е да го чуваме и да го пренесуваме сето она што тие го оставија зад себе како наследство.

Градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов, во своето обраќање потенцираше дека градот Радовиш секогаш ќе им оддава почит на хероите за нивната храброст, тројцата млади луѓе кои животот го дадоа служејќи и на својата татковина.

Треба да знаете
Последни објави