Search

Вардар ќе ја брани титулата во СЕХА-лигата на завршен турнир во Задар

Актуелен шампион во регионалната машка ракометна СЕХА лига,  Вардар ако избори настап на завршниот турнир ќе ја брани титулата во хрватскиот приморски град Задар. Турнирот ќе се одржи од 3 до 5 април во салата „Крешимир Ќосиќ”.

Ова е трет пат, по Загреб 2012 и Вараждин 2016 година, завршницата да се игра во Хрватска.

– Како и секогаш, очекуваме дека навивачите ќе имаат шанса да гледаат одличен ракомет, но и да уживаат во целиот настан. По минатогодишниот Ф4 во Брест, Белорусија, ќе се обидеме да го подигнеме нивото уште повисоко и да организираме уште еден фантастичен турнир. Ние сме многу горди што една од најпосетуваните туристички дестинации на Медитеранот ќе биде домаќин на СЕХА – Газпром лига Ф4, изјави Синиша Остоиќ, извршен директор на СЕХА – Гаспром лига.

 

Треба да знаете
Последни објави