Search

Завршна конферeнција „Заедно за еднакви права на децата Роми”

Завршна конференција „Заедно за еднакви права на децата Роми” организирана во рамки на проектот „Градење на посилни локални мрежи за подобрување на заштитата на правата на децата Роми” ќе се одржи денеска во Скопје.

На конференцијата ќе бидат презентирани постигнатите резултати од имплементацијата на проектот, наодите и заклучоците од истражувањата, како и клучните препораки кон институциите за да се унапреди нивото на заштита на правата на децата особено на ромските деца како најранлива категорија.

Проектот го спроведуваат Центарот за семејно и детско згрижување – КМОП во партнерство со Ромски Ресурсен Центар – Скопје, а е финансиран од Европската Унија.

Во рамки на конференцијата обраќање ќе имаат и претставници на Кабинетот на министерот без ресор и Министерството за труд и социјална политика кои се клучни за креирање и имплементирање на политики за унапредување на статусот на Ромите  и за унапредување на заштита на правата на децата Роми во државата.

Треба да знаете
Последни објави