Search

Заврши Филмскиот фестивал во Венеција: „Златниот лав“ за L’’Evenement на француската режисерка Одри Диван

Со доделување на наградите вечерва заврши 78. Венецијанска Мостра, а „Златниот лав“ го освои филмот „L’’Evenement“ (Се случува) на француската режисерка Одри Диван.

Наградата на големото жири му припадна на италијанскиот режисер Паоло Сорентино за филмот „Божја рака“, што е длабоко лично дело за загубата на неговите родители кога бил тинејџер, пренесува Ројтерс.

Сребрениот лав, наградата за најдобар режисер, според одлуката на меѓународното жири со која претседава јужнокорејскиот уметник Бонг Џун Хо, отиде во рацете на режисерката од Нов Зеланд, Џејн Кампион, за филмот „Моќта на кучето”.

Пенелопе Круз беше прогласена за најдобра актерка на фестивалот за улогата во филмот „Паралелни мајки“ на шпанскиот режисер Педро Алмодовар, а најдобар актер според одлуката на жирито е Џон Арсилија за улогата во филипинскиот филм „На работа: Недостасуваат 8 “.

Треба да знаете
Последни објави