Search

Заврши снимањето на специјалната епизода на „Пријатели“

Поминаа речиси 17 години откако шесте најпознати пријатели на поп-културата беа заедно на филмски сет, но тој со нивната најнова дружба конечно беше снимен минатата недела.

Заедничкиот проект ја обедини оригиналната екипа на ситкомот – Метју Пери (Чендлер), Џенифер Анистон (Рејчел), Кортни Кокс (Моника), Лиза Кудроу (Фиби), Мет Лебланк (Џои) и Дејвид Швимер (Рос).

Поставена за емитување на стриминг-услугата „Ејч-би-о макс“, специјалната епизода првично требаше да се снима минатиот август, но беше одложена поради пандемијата.

Датумот на емитување допрва треба да биде објавен, но се очекува да биде во текот на следните неколку месеци.

 

Треба да знаете
Последни објави