Search

Заврши рокот за пријавување на Австарлија опен, неизвесно е дали Ѓоковиќ ќе ја брани титулата !?

Заврши рокот за пријавување за настап на првиот од четирите сезонски  гтениски гренд-слем турнири, Австралија опен кој во јануари ќе се одигржи во Мелбурн. Неизвесноста дали првиот светски тениски рекет и актуелен победник на турнирот Новак Ѓоковиќ кој има освоено девет трофеии во Мелбурн ќе се појави на терените поради забраната од здравствените власти на турнирот да не играат невакцинирани тенисери против коронавирусот.

Сите кои сакаа да учествуваат на Австарлија опен мораа да се пријават за учество до 6 декември кај организаторите, а еден од условите беше задолжителната вакцијанција со две дози. Шест недели пред почетокот на турнирот познато е дека за влез во државата Викторија каде што се одржува Австралија опен неопходно е да се биде вакциниран, поради што се наметна дилемата дали Ѓоковиќ ќе биде меѓу учесниците, бидејќи досега не се изјасни дали се вакцинирал.

На прашањата од новинарите на оваа тема Ѓоковиќ одговораше дека тоа е приватна работа, меѓутоа ако сега учествува тоа ќе значи дека српскиот тенисер се вакцинирал.

-Ќе бидете информирани. Сега нема да одоговрам – гласеше последниот одговор на Ѓоковиќ за тоа дали ќе учествува на турнирот во Мелбурн.

Треба да знаете
Последни објави