Search

Заврши реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин

Со ноќно бележење на сообраќајна сигнализација целосно заврши реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин во општина Центар, еден од најфреквентните булевари во централното градско подрачје.  Екипите на Град Скопје работеа со засилено темпо на реконструкција на булеварот и со градежни активности во текот на вечерните часови со цел избегнување на сообраќаен метеж, а целосната реконструкција заврши во најбрз можен рок. Булеварот Кочо Рацин за 40 дена е целосно и темелно реконструиран во должина од 880 метри во двете насоки, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до улицата Свети Кирил и Методиј. Град Скопје продолжува со интензивните градежни активности за реконструкција на градските улици и булевари во рекордно кратки рокови, а граѓаните добиваат квалитетни и безбедни сообраќајници.

Треба да знаете
Последни објави