Search

Заврши првото издание на Лига на нации: Нов трофеј за Роналдо и Португалија

Најновиот репрезентативен турнир во Европа го доби првиот победник – репрезентацијата на Португалија. Синоќа, Роналдо и неговите соиграчи ја совладаа Холандија и стигнаа до нов трофеј на европско тло, по оној од Европското првенство кој го освоија во 2016 година.

 

Португалија ја победи Холандија во финалето од Лига на нации со резултат 1:0, благодарение на Гонзало Гуедеш, кој беше стрелец на единствениот гол за земјата-домаќин.

Она што отпрвин беше замислено како турнир кој ќе претставува олеснување од „непотребните“ пријателски натпревари за загревање и темпирање на формата, прерасна во многу забавен формат на репрезентативно натпреварување, кој понуди возбуда како за играчите, така и за гледачите.

Репрезентацијата на Португалија, предводена од феноменалниот Кристијано Роналдо, стана првиот победник на Лигата на нации, чие финале се одржа во оваа земја. Голот на Гонзало Гуедеш се покажа како клучен, откако Холандија имаше голем дел од поседот, но ниту еднаш не се закани сериозно по голот кој го бранеше Руи Патрисио.

Бернардо Силва беше прогласен за најдобар играч на финалниот турнир, додека Кристијано Роналдо си отиде со признанието за најдобар стрелец, благодарение на хет-трикот кој го постигна во полуфиналето против Швајцарија.

Во натпреварот за третото место, Англија ја победи Швајцарија по изведувањето на пенали, откако по регуларните 90 минути и 30-минутното продолжение натпреварот заврши со резултат 0:0.

Треба да знаете
Последни објави