Search

Заврши постот на Баерн- Леверкузен торпедиран на „Алијанц“

По четири натпревари без победа Баерн Минхен вечерва конечно запиша три бода во Бундеслигата откако го совлада Баер Леверкузен со убедливи 4-0 во рамки на 8.коло.

Само три минути им беа потребни на баварците да дојдат до предност. Лерој Сане беше човекот кој го донесе својот клуб во предност. Германецот доби асистенција од Мусиала, па стрела за предност од 1-0 многу рано во мечот. Баерн и покрај водството не отстапи од офанзивниот пристап. Со добра игра, домашните искреираа уште еден погодок, кога асистентот стана и стрелец. Џамал Мусиала со добар удар во 17. минута ја удвои позитивата (2-0).

Иако Баер Леверкузен имаше две солидни шанси преку Диаби, Мануел Нојер остана несовадан. До полувремето и третпат се тресеше мрежата на „фармацевтите“, во 39. минута летното засилување од Ливерпул, Садио Мане, погоди за убедливи 3-0 на паузата и вистински „нокаут“ за гостите.

Вториот дел започна во знакот на поранешниот ас на Ливерпул. Мане повторно ја стресе гостинската мрежа, но овој пат неговиот погодок беше поништен подари прекршок. Сепак, доминацијата на домашните фудбалери вроди со плод во самиот финиш и Томас Милер со својот втор овосезонски погодок ги постави конечните 4-0.

Треба да знаете
Последни објави