Search

Завршија градежните работи за рехабилитација на патот Делчево-Ѕвегор-граничен премин

Завршија градежните работи за рехабилитација на патниот правец Делчево – Ѕвегор – граничен премин во должина од пет километри. На овој патен правец според изведувачот ГП „Гранит”, останува уште поставувањето на вертикалната и хоризонталната сигнализација.
– По овие активности и завршувањето на рехабилитaцијата на патниот правец Делчево – Пехчево која е во тек,  ќе почне рехабилитацијата на транзитниот булевар А3 од меѓународниот пат Делчево – граничен премин. Планирана е рехабилитација на двете коловозни ленти, односно од бензиската пумпа на влезот во Делчево до клучката со патниот правец за Берово, информираат од ГП „Гранит”.
Вредноста на работите е 500 илјади евра, a средствата како што дополнија од ГП „Гранит” се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.
Двата проекта ЈПДП ги реализира со поддршка од Светска банка, каде оваа година се предвидени средства и за реконструкција на 11 километри на регионалниот пат Берово – Виница. Вкупниот буџет за  трите инфраструктурни проекти е 3,3 милиони евра. 
Треба да знаете
Последни објави