Search

Заварувал ограда па за малку ќе го запалел Хидрометеоролошкиот завод

На 21.03.2019 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на место викано „Зајчев рид“, во близина на Хидрометеоролошкиот завод, горела сува трева и нискостеблеста шума. Полициски службеници излегле на местото на настанот каде бил затекнат Р.Ѓ.(78) од Скопје.

Во разговор со полициските службеници тој појаснил дека при заварување на оградата, од искрите настанал пожарот, кој тој не успеал да го изгасне.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат во 14.50 часот.  Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави