Search

Забрчанец: Партиската полиција на Груевски го уби Мартин, илјадници протестираа 4 години пред бомбите

Забрчанец: Партиската полиција на Груевски го уби Мартин, илјадници протестираа 4 години пред бомбите

Партиската полиција на Груевски го уби Мартин Нешковски во 2011 година!

Груевски нема да успее да се испере од фактот дека неговата тогашна вмро-мвро контрoлирана полиција го уби Мартин Нешковски во 2011 година. Да, луѓето од неговото обезбедување го убија Мартин бидејќи тој сакал да се приближи до бината до која токму Груевски славеше изборна победа. Шефот на неговото обезбедување не беше сменет долги години после убиството.

Се случи полициска бруталност и убиство коишто Груевски, Јанкуловска, Котевски пробаа да ги сокријат и поради тоа младите им излегоа на улица. Цел јуни, секој ден во 6! Илјадници млади на улиците. Тогаш не излеговме ниту поради Заев (во 2011 Бранко беше лидер на СДСМ), ниту поради бомбите (бомбите се појавија 4 години подоцна), туку поради тоа што партиската полиција на Груевски уби дете. Нивно дете, член на ВМРО-ДПМНЕ.

Тогашната власта беше во паника. Не` заокружуваа со црвени кругови, ја впрегнаа пропагандата, Бранко и Сорос беа прогласени за организатори на протестите, забрануваа да се собираме позади Мајка Тереза, организираа контра-протестанти кои правеа гафови на телевизија и во ништо од тоа не беа успешни. Во една прилика, после неуспехот да се задушат протестите, Латас во уреднички коментар завиено го признава неуспехот на својата пропаганда, објавувајќи дека веќе нема да ги следи и нема да известува за протестите.

Протестите во 2015, четири години подоцна, беа резултат на сеќавањето на гневот кај граѓаните за тоа што партиската полиција на Груевски уби дете на плоштад, а во тогашните и сега одново објавените разговори слушнавме како Груевски ја терал Јанкуловска да лаже дека обезбедувањето наводно не било на должност таа вечер. Згора на се, договарале спектакуларно апсење пред камери, исто како она на Љубе Бошковски.

Ништо не ги пере!

Напиша на својот фејсбук профил Марјан Забрчанец

https://www.facebook.com/zabrcanec/posts/10158510934151754

Треба да знаете
Последни објави