Search

Забрчанец во самоизолација поради состанок со Зекири

Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност на претседателот на Владата, по препорака на епидемиолозите од денеска е во домашна самоизолација поради средбата со  потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој објави дека тој и семејството се позитивни на Ковид 19.

-Со Зекири бев на состанок одржан во четвртокот попладне, на 1.5 м растојание, со заштитна маска и со соодветна дезинфекција пред и после состанокот. Секако, заради избегнување и најмал ризик, ќе ја спроведам препорачаната самоизолација. Немам никакви симптоми, а ќе се тестирам во текот на неделата, напиша Забрчанец на Фејсбук.

https://www.facebook.com/zabrcanec/posts/10159809821096754

Поради контакт со Зекири во домашна изолација е и новинарката Душица Мрѓа која ја водеше дебатата на ТВ 24 каде гостуваше Зекири и најави дека ќе биде тестрана исто така следната недела.

Во дебатата учествуваше и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев кој денеска објави дека се тестирал, а вечерва и дека резултатите на тестот за коронавирус му се негативни.

Треба да знаете
Последни објави