Search

Забрана за камиони на патниот правец Маврово – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози на пониските места, а на повисоките и осојничави места и по влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од таму додаваат дека слаби врнежи од снег има само на Маврово и во севернозападниот дел во државата. На патниот правец крак Маврово – Дебар на сила е забрана за движење на тешки товарни возила.

АМСМ информира и дека на 22 и 23 февруари се изведуваат градежни работи за поставување на индуктивни јамки за броење на возила на автопатот А1, делница Велес – Градско, поради што ќе се врши промена на режимот на сообраќај.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Треба да знаете
Последни објави