Search

Забрана за камиони на патниот правец Маврово – Дебар

Поради интензивни вренежи од снег на патниот правец, крак Маврово – Дебар од 16 и 30 часот попладнево, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од таму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на Попова Шапка, Маврово и на планинскиот превој Стража со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Снег со слаб интензитет паѓа на Попова Шапка, во Маврово, Дебар и на планинските превои Плетвар и Пресека.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Треба да знаете
Последни објави