Search

Заболени работници во Австрија разнесувале пратки и заразиле уште 158 лица

Четворица работници на центарот за дистрибуција на пратки во близина на Виена не го почитувале карантинот и продолжиле да работат, иако биле заразени со коронавирусот, па така заразиле 158 лица, јавуваат австриските медиуми.

„Сега знаеме како коронавирусот влезе во центрите за дистрибуција на пошта“, изјавил неименуван извор во надлежната здравствена установа за виенскиот весник „Естерајх“.

Изворот посочи дека четири лица, кои биле позитивни на коронавирусот во Виена, ја игнорирале одлуката за карантин и продолжиле да работат во центарот во Хагенбрун како надворешна работна сила.

Тоа е можно затоа што виенските здравствени власти сè уште не го контролираат карантинот на самото место, туку само испраќаат СМС-порака до пациентите, кои можат да одговорат на тоа каде и да се.

Вкупно во Австрија имало 40.000 контролни посети на пациенти во домашен карантин, од кои 26 000 во покраината Тирол, 9 000 во провинцијата Штаерска, а во Виена немало ниту една карантинска проверки со помош на полицијата.

Покраинската служба за криминалистички истраги во Виена започна истрага за случајот со инфекцијата што влегла во центрите на поштата.

Непридржувањето кон карантинот се третира како свесна закана за луѓето, а за тоа е предвидена казна до три години затвор.
Виенската полиција доби налог да провери дали неколку баратели на азил ја игнорирале одлуката за карантин.

Треба да знаете
Последни објави