Search

Забите не треба да ги миете веднаш по јадење, под туш или додека седите на шолја

Грижата за оралното здравје почнува на уште од најмала возраст и затоа е важно да се стекнат здрави и добро информирани навики за да се зачува квалитетот на забите и непцата.

Портал собра совети од повеќе стоматолози кои советуваат како најдобро да се грижите за вашите заби.

Забите не треба да ги миете веднаш после јадење бидејќи и забите и непцата омекнуваат за време на џвакањето и полесно може да ги оштетите ако ги четкате веднаш по јадење.

Експертите препорачуваат да почекате 30-40 минути после јадењето за да се измиете заби.

Иако пливањето во базен не предизвикува никакви негативни последици по телото, освен сушење на кожата поради хлорот, се препорачува да не дозволите да ви влезе во уста водата од базен.

Причината за тоа се средствата што се користат за дезинфекција на водата што се многу штетни за забите. Научниците уште во 80-тите спроведоа истражување кое докажа дека 40% од професионалните пливачи имаат проблеми со забите.

Кафето испијте го што е можно побрзо – внимавајте ова да го направите во период од 20 минути бидејќи подолго од тоа веќе му овозможува на кофеинот да почне да ги уништува непцата и бојата на забите.

Забите секогаш мијте ги посебно и не го правете тоа додека сте под туш или додека седите на шолја.

Топлата вода кога се туширате ги омекнува влакната на четкичката и го намалува ефектот на четкањето.

Ова е процес на кој треба целосно да се посветите. Стручњаците советуваат да си ја пуштите омилената песна и на тој начин точно и посветено да одвоите 2-3 минути за темелно четкање на забите.

Треба да знаете
Последни објави