Search

Жртвите на кардиналот педофил разочарани со казната: Мораме да се сетиме дека тие се доживотно осудени, а тој не е

Поранешниот член на машкиот црковен хор, злоупотребен од австралискиот кардинал Џорџ Пел, изјави дека е тешко да се најде утеха во пресудата изречена на свештеникот.

Окружниот суд во австралиската држава Викторија го осуди кардиналот Пел на шест години затвор, за пет случаи на сексуални злоупотреби, извршени во просториите на црквата пред 22 години врз 13-годишни момчиња, кои пееле во хорот на катедралата Свети Петрик во Мелбурн, каде Пел бил надбискуп.
Нападите врз две момчиња се случиле по неделните миси во 1996 и почетокот на 1997 година, во рамки на катедралата.

Претседавачкиот суд, Петер Кид изјавил дека 77-годишниот Пел има право на условно ослободување по отслужување на минимално три години и осум месеци затвор. Му се закануваше казна до 50 години.

„Тешко ми е да се опуштам во овој момент“ рекла една од жртвите, чиј идентитет не е објавен.

„Го ценам тоа што судот го призна тоа што ми се случило како дете. Но, за мене нема одмор. Се е засенето со претстојната жалба“ додала жртвата.

Највисоко позициниораниот католички свештеник, веќе најави жалба на пресудата, а рочиштето е предвидено за 5 и 6 јуни.

Таткото на друга жртва, што починала од предозираност со дрога во 2014 година, преку својата адвокатка, рекол дека казната е разочарувачка.

„Нашиот клиент е разочаран поради малата казна и рече дека е тажен зошто мисли дека казната не е соодветна за казненото дело“ изјави адвокатката Лиса Флин.

Претседателката на собранието за поддршка на жртвите од сексуално злоставување, „Блу Нот Фондејшн“, Кејти Кезелман, рекла дека иако пресудата е важна, сепак не е каква што очекувале.

„Мораме да се сетиме дека жртвите се доживотно осудени. А тој не е“ истакнала Кезелман.

Треба да знаете
Последни објави