Search

Жота му даде два гола на Арсенал и го одведе Ливерпул во финалето на англискиот Лига куп

Ливерпил ќе се сретне со Челси во финалето од Лига купот на Англија откако во полуфиналниот двомеч против Арсенал славеше со 2-0 благодарение на двата гола во гости на Диого Жота.

Португалскиот напаѓач го отвори натпреварот со гол во 19. минута, а резултатот 0-1 остана на семафорот и до крајот на првото полувреме.

Сепак Жота победата ја осигура во 79. минута со што стави крај на надежите на „топџиите“ за позитивен исход и од вториот натпревар.

Како потсетување првиот меч одигран на „Енфилд “ заврши со 0-0.

Треба да знаете
Последни објави