Search

Жолт снег прекрил цели градови: Луѓето во шок гледале што се случува, но објаснувањето е логично

Во градовите ширум Кина паднал жолт снег.

Голема количина на снег паднала во регионот Синџијанг, чии жители на социјалните мрежи споделиле фотографии и снимки од феноменот.

Најпрво паднал нормален бел снег, а потоа преку тој снег паднал и снег со жолта боја.

Меѓутоа, постои сосема логично објаснување за необичната боја на снегот.

Имено, како што рекол директорот на метеоролошкиот институт во Синџијанг, Хе Чинг, дошло до мешање на снегот и песочна олуја.

Треба да знаете
Последни објави