Search

„Жолтите елеци“ ќе формираат партија

„Жолтите елеци“ во Франција ќе основаат партија, чиј водач ќе биде Жаклин Муро, која им припаѓа на главните и умерени актери на протестното движење „Жолти елеци“ во Франција.

Нејзината нова партија, според досегашните најави, би требало да излезе и на локалните избори во 2020 година.

Муро за весникот „Фигаро“ изјави дека нејзината цел е да им понуди на Французите друга опција, со тоа што нејзиното движење ќе се разликува од традиционалните политички движења.

Педесетгодишната Жаклин вели дека сè е на самиот почеток. Статутот сè уште не е целосно готов, но сè треба да се направи што е можно побргу. Следната година новата политичка формација треба да оди на локалните избори.

Треба да знаете
Последни објави