Search

,,Жолтите елеци” блокираа десетина раскрсници ширум Франција

Демонстрантите од движењето ,,Жолти елеци” блокираа десетина раскрсници ширум Франција и покрај најавите дека протестите губат на сила, откако се одржуваат веќе петти викенд по ред.
Во инцидентите поврзани со ,,Жолтите елеци” досега загинаа осум лица, кои повеќето настрадаа во сообраќајни несреќи на патиштата кои ги блокираа демонстрантите.

Блокадите на главните сообраќајници и понатаму траат и покрај повикот на францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер демонстрантите да ги ослободат кружните текови и да овозможат номализација на сообраќајот.

Демонстрантите бараат нови мерки во корист на француските работници и пензионери, а бараат и оставка од претседателот Емануел Макрон и од највисоките функционери во неговата влада. И покрај ладното време демонстрантите велат дека нема да се повлечат, а се најавуваат и блокади на бензиските пумпи.

Треба да знаете
Последни објави