Search

„Жито-југ” Кавадарци донираше леб, брашно, заштитни визир маски и ракавици

Компанијата за производство на леб и бели печива, ,,Жито-југ” од Кавадарци  донираше леб, брашно, заштитни визир маски и ракавици за помош на заедницата во услови на пандемија од коронавирус.

Директорот Анѓелчо Толев денеска информираше дека во кавадаречката Банка за храна донирале 150 леба и 700 килограми брашно, наменети за социјално загрозените семејства од општината.
-Во кавадаречката болница дониравме 50 визир маски наменети за медицинските лица. Маски и ракавици дониравме во росоманската амбуланта, соопшти Толев.

Тој нагласи дека станува збор за општествено одговорна фирма која и досега ја помагала заедницата, во рамките на своите можности.
-Ова не го кажуваме за да се пофалиме, туку да повикаме нашиот пример да го следат и други, се со цел надминување на проблемите при секојдневното живеење, особено во услови на коронавирус, нагласи Толев.
Роберто Паризов од Банката за храна, кој се заблагодари за донацијата, исто така повика да се донира, бидејќи во услови на пандемија има зголемен број побарувања за донации од семејства во ризик.

Треба да знаете
Последни објави